Ролат со праски - 2 во 1
Состојки
- 5 јајца
- 150 гр. шеќер
- 2 ванили
- 130 гр. брашно
- 75 мл. масло
- 1 кгр праски
Подготовка
Лесно, брзо, а ефектно, сослема вкусен ролат.
- Исчистете ги праските, насецкајте на потенки кришки.
- Во тавката од шпоретот ставете хартија за печење, наредете ги праските, со рака шеќер посипете ги.
- Одвојте ги белките од жолчките
- Со миксер сработете ги белките во цврст снег додавајки постепено од шеќерот и ванилата, по што ќе ги додадете една по една жолчките и ќе продолжите со миксирање.
- Измешајте ги брашното и пецивото - додадете во претходната смеса. Добро измешајте да се спојат. Вака добиената смеса излијте ја врз праските и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени. Се пече 30 мин.
- Печена извадете, одозгора ставете друго парче хартија за печење, превртете така да долниот дел со праските ви дојде одозгора и со помош на хартијата завиткајте ролат. Оставете да олади, послужете посипано со шеќер во прав.
Напомена
Ова е рецептот кој го имам, но откако ја истурив смесата врз праските се сетив дека јас воопшто не ни одмерив зејтин и не го ставив. Сега вака ќе ви кажам, сум го правела и со зејтин и без зејтин. Оваа случајност на мојата заборавеност некако повеке ме бендиса, не пукна кората од никаде, многу убаво се завитка, па од сега натаму намерно ќе го изоставам зејтинот.
- Додека во столниот миксер смесата се работеше јас ги сечев праските и ги наредив во тавката. Печев во плитката Ростер тава. Да беше поголема тавата и кората ќе беше потенка, но јас сум презадоволна и вака.
Бон Апетит!