Испечати

Пудинг десерт

Пудинг десерт

Состојки

  • 1 кесичка (50 гр.) крем пудинг од ванила
  • 300 мл. ладно млеко
  • 80-100 гр. мелени кекси (интегрални)
  • 20 гр. сини шеќерни трошки
  • по потреба гумени бомбони

Подготовка

Овој десерт-ужинка се подготвува за скоро десетина минути бидејќи пудингот не треба да се вари, таман брзински како за на плажа. Декоративен, а во исто време и вкусен, би бил вистинско радување и за роденденски забави за деца.

- Крем пудингот се мати со 300 гр. ладно млеко според упатството, ни помалку ни повеќе туку само 3 минути. Се става во пластични чаши (за попрактично) или во други проѕирни чаши по желба.
- На горниот дел од чашата на 1/2 се посипува со мелен кекс (јас ставив интегрален, а можете да ставите бисквити или друг кекс по желба).
- На другата половина се посипуваат сините шеќерни трошки, се ставаат гумените бонбони, украсното чадорче и готово.

Во оваа декоративна ужинка гумените бомбони се со морски мотиви, а зависно од намената каде може да се употреби идејава, можат да се употребат гумени бонбони и шеќерни трошки со боја и мотиви по избор.

Израдувајте ги своите најмили!