Мини тост ужинка
Состојки
- 1 мала тиквичка
- 1 ржан тост леб
- 150 гр биено сирење
Подготовка
Ова е една од поедноставните ужинки за на плажа, а сепак вкусна и корисна. Како што кажав во еден претходен рецепт, еден од помалите апарати што може да се земе на одмор и кампување е мини тостер или апарат за вафли. Не зафаќа многу место, а врши голема работа.
Подготовка
Тиквичките ги сечкаме на кругови со дебелина од околу 5 мм. Секое парче го ставаме на тост и го потпечуваме. Истото го правиме и со тост лебот, како и со сирењето. Ги сечеме во форми по желба, ги боцкаме со чепкалка или пластични мини вилушки и ги пакуваме во пластичен сад.
Забелешка
Продуктите наведени во состојки се ставени како репер, инаку се разбира според потребите и бројот на членовите ќе си ја подготвувате оваа ужинка.
Подготовката ја правев на апарат за вафли.