Салата од моркови
Состојки
- 5-6 големи моркови
- 1 лажица путер
- 1/2 лажица мешан сув зачин
- 1 китка магдонос
- 3 лажици кисела павлака 20 % масленост
- малку црн пипер, сол по вкус
Подготовка
Освежителна и вкусна салата за летниве денови.
1. Морковите се чистат, се мијат се сечат на кругови. Се ставаат во тенџере и се тура вода од околу 1 прст над нив. Се става путерот, малку црн пипер и мешаниот сув зачин, се вари додека да омекнат морковите и да испари течноста.
2. Се истура течноста ако останала и се остава да се изладат.
3. Изладени морковите се ставаат во сад, се става павлаката, исечканиот магдонос и се додава сол по вкус ако има потреба, се меша сето убаво и се мези.
Количината може да се дуплира, може да се додаде оригано, печурки и друго по вкус.