Испечати

Полнети пиперки со мелено месо и кускус

Полнети пиперки со мелено месо и кускус

Состојки

  • околу 7 поголеми пиперки или бабури
  • 500 гр мелено месо
  • 100 гр кускус
  • 200 гр густо доматно пире (или 2 свежи домати со излупена лушпа)
  • 1 главица кромид
  • 1 лажичка маргарин
  • 1 говедска коцка за супа
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 1/2 лажичка црн бибер
  • 1 лажичка сув босилек
  • 1/2 лажичка оригано
  • 1/2 лажичка гарам масала

Подготовка

Спремете го кускусот со предложената количина на вода спрема упатството во која ќе ја додадете коцката за супа. Мојот се приготвува инстант со киснење 4 мин. во врела вода. Додадете го маргаринот (една мала коцка од 1-1,5 см), промешајте и оставете го покриен да ја впие врелата течност.

Во меѓувреме ставете го ситно исецканиот кромид да пропржи кратко, па додадете го меленото месо. Откако ќе се испржи додадете ги доматите, доматното пире или можите и пелати од конзерва. Зачинете со предложените зачини (кои морам да признаам дека одлично се вклопија во композицијата) или пак импровизирајте по свој вкус и можности. Пржете додека доматите или пирето убаво се распоредни низ смесата и пред да згусти, додадете го спремениот кускус, па се измешајте заедно врз исклучената врела рингла уште 2-3 минути.

Извадете ги дршките од пиперките и полнете ги со припремениот фил. Отворите затворете ги со парче домат. Налејте вода до 1/3 од висината на пиперките, а нив одозгора попрскајте ги со масло.
Печете во загреана рерна на 250С околу 30 мин, односно додека омекнат и се испечат пиперките.