Брз баунти кекс без јајца
Состојки
- чаша=200мл
- 1 чаша јогурт
- 1 чаша млеко
- 2 чаши шеќер
- 1 пак. ванилин шеќер
- 1 чаша масло
- 1 чаша кокос
- 1 лажиче прашок за пециво
- 2 чаши брашно
- глазура
- 1 пак. готов чоколаден прелив или...
- 100 гр чоколадо + 3 лажици масло
Подготовка
За овој колач не треба миксер. Се работи со лажица, шпатула или жица за мешање.
Убаво измешајте ги шеќерот и ванилата во јогуртот и млекото. Откако ќе се растопи, со ред додадете ги и останатите состојки и мешајте.
Истурете ја смесата во намастен калап или тава и печете на 180С, 30 минути. Проверете со допир или методот со чечкалица.
Стопете го чоколадото на пареа заедно со маслото и со него прелијте го одозгора кексот. Или, употребете готов чоколаден прелив.