Испечати

Рамстек од рерна

Рамстек од рерна

Состојки

  • 1 кг телешки кременадли
  • 3-4 главици кромид
  • 2 пиперки (или суви 5-6)
  • 2 моркови
  • грст магдонос
  • по желба печурки
  • сол, мешан сув зачин, црн бибер, гарам масала, оригано, малку црвен пипер ако сакате
  • масло и вода (околу прст и пол во тавата)

Подготовка

Измијте го месото и наредете го во огноотпорна тава за печење. Од сите страни зачинете го. Додадете вода, скоро колку да го покрие и одозгора попрскајте го со масло.

Кромидот исецкајте го на средни парчиња. Исецкајте го и магдоносот и печурките доколку се покрупни, а морковите изрендајте ги. Се измешано и посолено ставете врз месото.

Печете на 250С и кога кромидот ќе подомекни, отворете ја рерната и со дрвена лажица распоредете го убаво насекаде во тавата. Оставете да се допечи додека месото не добие убава темна боја.