Печено авокадо со јајце
Состојки
- 1 авокадо
- 1 јајце
- зачини по желба
Подготовка
Авокадото се дели на два еднакви дела, се одстранува семката.
Со лажица се одстранува дел од авокадото, односно местото каде што стоела семката. Се прави поголемо за да собере поголем дел од јајцето.
Од јајцето најпрво ја ставате жолчката, притоа внимавате да не ви се разлее, туку да остане цела, а потоа дополнувате со белката колку што собира.
Одозгора додавате зачини по ваша желба.
Се пече 20-25 минути за тврдо испечено јајце или 15-17 минути доколку сакате јајцето да биде помеко испечено, а жолчката да е сеуште течна или ровка.