Старински колач со вишни
Состојки
- 3 јајца
- 150 гр. шеќер
- 1 ванила
- 250 мл. јогурт
- 3 лажици масло
- 200 гр. брашно
- 1 пециво
- 300 гр. вишни (без коски)
- шеќер во прав за посипување
Подготовка
Бидејќи колачот се прави брзо, најпрвин се вклучува рерната да се загрее на 200 степени.
1. Јајцата се матат со шеќерот и ванилиниот шеќер.
2. Се додава јогуртот, маслото и на крај брашното со измешаното пециво.
3. Се мати сето да се изедначи убаво, се истура во намастена правоаголна тава (јас го правев во Делимано Интенсо тавата), одозгора се распоредуваат исчистените вишни (јас користев свежи вишни).
4. Се става во загреаната рерна, се печи околу 20 минути зависно од рерната,
штом излади се сече и се посипува со шеќер во прав.
Толку е, па такви се впрочем сите некогашни старински рецепти.