Солена летна бајадера од зеленчук
Состојки
- 7-8 зелени пиперки- благи
- 3 лути зелени пиперки
- 4-5 црвени домати
- 1-2 црни домати
- 2 јајца
- 200гр урда
- 1 рака магдонос
- сол, малку бибер или зачин по вкус
Подготовка
Ова ни е денешниот ручек. Јас и сопругот се сладевме на ова вкусно, лесно јадење.
Прво пиперките се печат и се ставаат во најлонска кеса, за полесно да се излупат.
Исто се печат и црвените домати и се оставаат во чинија за да се исцедат.
Се лупат пиперките, им се одстрануваат дршките и семето.
Се лупат и црвените домати.
Нека се цедат од вишок течност.
Црниот домат се лупи и се сече на парчиња.
Се пржи на загреано масло од двете страни.
Во еден сад се соединуваат јајцата, солта, урдата.
Се зема еден огноотпорен сад, на дното се става 1-2 капки масло.
Се редат испечени пиперки.( може наизменично лути-благи)
Не мора да има лути, може и сите пиперки да се благи.
Ние сакаме пикантен вкус, а вие како сакате така направете си.
Врз пиперките се става од испечените, исецкани домати.
Врз доматите се редат кругови пржен црн домат.
Врз доматите се става смесата од јајца и урда.
Се нанесува врз тоа магдонос
Врз магдоносот се ставаат пак ред пиперки и малку се притискаат со рацете.
Пак ред црвен домат, па ред црн домат.
Зачинете по вкус и без додавање на вода нека оди во рерна на 200 степени околу 30 минути.
Топло лепче уште до вас и слатко нека ви е.