Меки вафли
Состојки
- За тесто
- 4 јајца
- 200 гр шеќер
- 2 ванилин шеќери
- 200 мл масло
- 200 мл млеко
- 1 пециво
- 500 гр брашно
- За пудинг
- 1 пудинг од ванила
- 400 мл млеко
- 3-4 лажици шеќер
- За шлаг
- 1 пакетче шлаг
- 125 мл млеко
- Слатко од боровинки, џем или мармалад по желба
Подготовка
Меки галети или вафли... ги обожавам. Во услови на „одмор“ можете да ги подготвите и од вечер, затоа што го задржуваат вкусот и тексурата, со тоа што ќе ги мачкате утредента. Инаку и самостојно да се јадат се одлични.
Предноста кај овие меки галети е брзата подготовка. Сите состојки ги ставате во еден сад и ги матите со миксер, а може и рачно. Потоа на апаратот за вафли истурајте по лажица или две и печете, вие најдобро си го знаете како ви работи апаратот, па не би можела да ви кажам временски колку би ги печеле. И уживајте...
Моите беа дегустирани со пудинг од ванила, слатко од боровинки и шлаг од ванила. Одличен спој на вкусовите.
Можете да ги лепите, па да имате веќе подготвени слатки сендвичи срциња, кои ќе бидат голема радост за децата.
Апаратот за вафли и галети е еден од помалите апарати кои може да се носи на кампување, а особено корисен за брзински подготвен појадок или вечера....