Испечати

Омбре тортичка со шумско овошје

Омбре тортичка со шумско овошје

Состојки

  • за подлога
  • 1 пакетче 176 гр орео колачиња
  • 6-7 лажици растопен путер
  • за фил
  • 2 пакетчиња пудинг од ванила
  • 500 мл. млеко
  • 100 гр. бела чоколада
  • 400 гр. павлака со 20% масленост
  • 1 пакетче желатин
  • 300 гр. мешано овошје (малини, капини, боровнци, јагоди)
  • 2-3 лажици шеќер

Подготовка

Освежителна, летна тортичка со вкус на овошен јогурт. Јас ја правев со мешано шумско овошје, а исто така вкусна и декоративна е и само со еден вид на овошје - само јагоди, боровинки, капини.....
1. Орео колачињата се ситнат, им се додава путерот и убаво се мешаат (ако не можете да најдете орео колачиња слободно искористете други полнети колачиња по ваш вкус). Смесата ставете ја во калап, убаво притиснете и израмнете и ставете го калапот во фрижидер додека го подготвувате филот.
2. Пудингот подгответе го со млекото и додадете шеќер по вкус (јас не додадов бидејќи прашакот за пудинг веќе содржеше шеќер). Додадете ја белата чоколада искршена на парчиња и промешајте за да се стопи. Оставете го пудингот да се олади.
3. Додадете го шеќерот во овошјето и ставете го да се повари околу 2-3 мин. Испасирајте го и поминете го низ цедалка за да добиете мазна смеса.
4. Во оладениот пудинг додадете ја павлаката, изматете да се поврзе, па потоа и желатинот подготвен спорд упатството на кесичката.
5. Смесата поделете ја на 4 дела. Еден дел ќе остане бел, а во останатите додавајте од смесата со овошјето за да добиете нијанси по ваш вкус.
6. Потоа врз подлогата со орео колачиња додадете ги смесите една врз друга, почнувајќи од најтемната.
7. Оставете ја тортичката убаво да се олади пред да ја послужите.
8. На здравје