Чизкејк со прелив од вишни
Состојки
- За подлога
- 400гр. мелени бисквити по ваш вкус
- 180мл. сок џус од портокал
- 250гр. путер (маргарин)
- 150гр. шеќер во прав
- За кремот од сирење
- 500гр. крем сирење - Маскарпоне
- 250гр. шеќер во прав
- 2 кесички лимон шеќер
- 500мл. слатка павлака
- 20гр. желатин
- 10 лажици ладна вода
- За преливот од вишни
- 400гр. вишни без коска (замрзнати)
- 4 лажици шеќер
- 100мл. вода
- 10гр. желатин
- 5 лажици ладна вода
Подготовка
Вкусно благце кое го подготвив за многу убав повод, си прославивме 20 години од брак! ))))
Начинот на кој го подготвив е следниов
Мелените бисквити се полеваат со сокот.
Путерот пенасто се мати со шеќерот во прав.
Се соединуваат двете смеси, миксирајки ги со миксер, додека се добие еднолична смеса.Се натапкува во калап, јас користев два помали, еден срце и еден детелинка-симболични за нашиот повод.
Одиме во подготовка на кремот.
Крем сирењето се соединува со шеќерот во прав, прво со лажица, а потоа убаво се миксираат.
Желатинот се полева со водата и се остава да набубри, 5-10мин..Потоа се топи на тивок оган, да се втечни без да зоврие.
Додека бубри желатинот, слатката павлака се мати во цврст и густ шлаг.
Втечнатиот желатин одма се додава со миксирање во изматената слатка павлака.
Потоа се додава сирењето во слатката павлака мешајќи и соединувајќи со лажица, за кремот да остане повоздушест.Се нанесува кремот на подлогата подеднакво и се остава во фрижидер убаво да се стегне.
Третиот чекор е спремањето на желето од вишни.
Вишните се ставаат во тенџере на оган со шеќерот и водата да зовријат и потоа се варат на умерен оган околу 10мин.. Потоа се трга од оган и се пасираат вишните со вилушка.Се оставаат малку да здивнат.
Желатинот кој претходно ни е полиен со водата и набабрен, го додаваме во вишните и мешаме убаво да се растопи и изедначи со нив.Го ладиме преливот, па го излеваме над кремот.
Враќаме во фрижидер и најдобро е да одстои 6-8 часа, или преку ноќ, за убаво да се стегни чизкејкот.Потоа го вадиме обрачот и можиме да се сладиме.
Ние уживавме, уживајте и вие!
На здравје!