Слатко од бели рибизли
Состојки
- 1 кг бели рибизли
- 1 кг шеќер
- 100мл вода
Подготовка
За подготовка на слаткото од рибизли потребно е најпрво да се измијат цели гроздови рибизли.
Потоа да се одвојат од гроздот и да се стават на платно да се исушат од водата.
Во сад на оган ставете ги шеќерот и водата.
Нека се растопува на потивко шеќерот.
Кога ќе се стопи шеќерот и ќе почне да врие убаво клуч,тогаш пуштете ги рибизлите и полека благо промешајте.
Оставете да се вари слаткото без мешање.
Фатете го садот за рачките па така протресете го малку,но не мешајте. Пената стандард како за секое слатко, полека вадете ја.
Така слаткото се вари 15 до 20 минути. Потоа се трга од оган садот, па се покрива со влажна крпа. Ова го пишувам за они кои прв пат прават слатко.
Откако ќе си истине во садот,откријте го слаткото и со лажица соберете си го во теглички.
Забелешка
Ова е начин на подготовка за секој вид на рибизли. Јас овој пат го направив од бели затоа што ми изгледаа како кристалчиња и сакав да пробам како е.
На здравје