Салата од црн домат
Состојки
- 1 среден црн домат
- 2 црвени зрели домати
- 2 лути печени пиперки
- 1-2 чешниња лук
- 1 мала главица кромид
- 1 рака магдонос
- 1лажица мелен орев
- 50гр фета сирење
- сол, босилек, масло, бел бибер
- сок од лимон по вкус или оцет
Подготовка
Пазарите тежат од сезонски, убав, вкусен зеленчук.
Па еве еден предлог за слатко, кисела, лута салата.
Одлично одговара со скара.
Прво танкиот црн домат се мие и се сече на парчиња со дебелина од 2-3мм.
Се посолува и се остава да одстои 15 минути, да го пушти својот горчлив вкус.
Потоа набрзина се мијаат под млаз вода, се сушат на крпа и се запржуваат во тефлонска тава, скара или грил тава од двете страни да омекнат.
Се редат на чинија.
На страна на црвените измиени домати им се одстранува семето, се сецкаат на коцки. Испечените, излупени лути пиперки се сецкаат на коцки.
Се додаваат сецкан кромид,лук, магдонос, зачини, оревите.
Убаво се промешува.
Со оваа смеса се преливаат печените домати.
Одозгора се ставаат коцки фета сирење.
Пријатно.