Испечати

Баница со сирење

Баница со сирење

Состојки

  • тесто
  • 500мл вода
  • околу 1 кг брашно (по потреба)
  • 1 квасец
  • 100мл масло за јадење
  • 1 јајце
  • 100гр млеко
  • фил
  • 1кг сирење
  • уште ќе ви е потребно
  • 1 јајце
  • масло за попрскување
  • маргарин за врз баницата

Подготовка

Од наведените состојки се замесува меко тесто.
Потоа тестото се дели на 10 еднакви делови и се остава да одстои половина час.
На набрашнета работна маса се расукува кора, се попрскува со малку масло за јадење и се става сирење по желба. Се замотува кората во ролат. Исото го правиме со цело тесто. Одозгора врз баницата премачкуваме јајце, па редиме парчиње маргарин (за помека кора). Печеме 20 мин на 250 па 20 на 150.