Испечати

Видео рецепт: Крамбл со шумско овошје и лешници

Видео рецепт: Крамбл со шумско овошје и лешници

Состојки

  • За ТЕСТО ќе ви треба:
  • 125 гр. бело брашно
  • 125 интегрално брашно
  • 4 лажици кафеав шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • кора од пола лимон (ситно нарендана)
  • 1/3 лажичка сол
  • 50 гр. сечкани или дробени лешници
  • 125 гр. путер
  • За ОВОШЕН ДЕЛ ќе ви треба:
  • 350 гр. шумско овошје
  • 4 лажици кафеав шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 рамна лажица густин
  • Ќе ви треба и:
  • путер за премачкување

Денес ќе готвиме заедно со Валентина, готвач член на нашата веб-страница. Таа ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Крамбл со шумско овошје и лешници.

Крамбл, или комбинација од слатко путер тесто со лешници и пудинг од мешано овошје.

Подготовка

Чекор 1: Рерната вклучете ја на 180 степени.

Чекор 2: Тавата премачкајте ја со путер и на дното наредете го овошјето. Над овошјето ставете го шеќерот, ванилиниот шеќер, густинот и благо протресете ја тавата за да се измешаат состојките.

Чекор 3: Во друг сад ставете ги двата вида брашно, ванилиниот шеќер, кората од лимон, солта и ладниот путер исецкан на коцки. Сите состојки тријте ги низ дланки за да добиете убаво зрнесто тесто. На крај додадете ги лешниците. Измешајте со вилушка и распоредете ги трошките над овошјето.

Чекор 4: Печете околу 35 минути додека да зарумени и стане крцкав. Сервирајте во чинија додека е топол!

СОВЕТ: Приготвениот Крамбл може да го сервирате со топка сладолед или свежо овошје, по желба. За посна верзија, наместо путер употребете маргарин.