Испечати

Солена-канапеи торта

Солена-канапеи торта

Состојки

  • за жолто тесто (се печат 2 вакви теста)
  • 2 јајца
  • 200 мл јогурт
  • 100 мл масло
  • 1 чаша (240 мл) брашно
  • прстофат сол
  • 1/2 пакетче ( 6 гр.) пециво
  • за зелено тесто
  • 2 јајца
  • 200 мл јогурт
  • 100 мл масло
  • 1 чаша ( *240 мл) брашно
  • прстофат сол
  • 200 гр обарен спанаќ ( блитва )
  • 1/2 пакетче ( 6 гр.) пециво
  • за фил
  • 250 гр путер (собна температура)
  • 200 гр сувомеснато ( свински врат)
  • 200 гр рендано бело сирење
  • по вкус сол, бибер
  • 180 мл кисела павллака ( за премачкување)

Подготовка

Убава солена торта, формирана како мали вкусни залачиња која одлично може да ви се најде за некоја коктел забава или да ви збогати некоја именденска трпеза. Подготовката е лесна и не одзема многу време, а филот е *стегнат* и може буквално да ја сечете на колкави сакате парченца по големина и форма. Подготовката е следна
1. Во сад за матење изматете со миксер 2 јајца со прстофат сол. Кога се убаво пенесто изматени, додадете јогурт, масло и брашно промешано со пециво. Убаво измешајте со лажица, смесата да се изедначи и хомогенизира. Истурете ја во тава за печење и печете го тестото 15-20 мин на 180 степени. Јас печев во правоаголна тава за полесно да ги исечам на крај коцките-канапеи. Се печат две вакви жолти теста.
2. Третото тесто се подготвува на идентичен начин, само што во смесата се додава ситно исецкан обарен спанаќ (или блитва).
3. Испечените теста оставете ги да се изладат ( јас овој пат ја спремав за именден на синко и ги подготвив тестата неколку дена порано, па забележав дека може и да се замрзнат без да изгубат од вкусот)
4. За подготовка на филот, во сад за матење пенесто изматете го путерот. Додадете го ренданото бело сирење и ситно сецканиот свински врат. Мене лично со свински врат ми е најубава зошто е посув и филот има убава стегната структура. Вие можете да си одберете сувомеснато по ваш вкус.
Редењето на тортата е на следниот начин. Жолто тесто, фил, зелено тесто, фил и на крај се завршува со жолто тесто. Премачкајте ја тортата со кисела павлака и оставете преку ноќ во фрижидер да се стегне. Наредниот дел исечете ја на коцки-канапеи со големина 2*2 см. Секоја коцка украсете ја со парченца сувомеснато, кашкавал, маслинки и зацврстете со чепкалка за заби.

На здравје