Шпагети Карбонара Романа
Состојки
- 200 гр. шпагети
- околу 80-100 гр. сланина, панцета- што имате
- 2 лажици маслиново масло
- 2 цели јајца
- 2 жолчки
- 2/3 чаша од 200 мл. пармезан
- на вкус сол, бибер
Подготовка
- Шпагетите сварете ги ал-денте во малку посолена вода.
- Сланината исецкана на траки или коцки на маслиновото масло кратко пропржете - околу 2-3 мин. Тргнете настрана да олади.
- Јајцата со жолчките добро сматете ги со вилушка, додадете во нив пармезанот.
- Сварените шпагети исцедете ги, но не до крај, оставете малку од водата во која се вареа. Сварените шпагети никако не смеете да ги заливате со ладна вода.
- Истурете шпагетите во сад, поголема длабока чинија, додадете ја испржената сланина измешаниот сос од јајцата со пармезанот, силно и бргу мешајте со лажица или вилушка. Не смеете да дозволите да во ладни шпагети го додавате овој сос, тогаш нема да го направи токму тоа што го разликува овој рецепт од останатите рецепти. Мора да бидат врели. На брзина се додава сосот, се меша, целото тоа се добро спојува и јајцата нема да останат живи.
- Доколку мислите дека се суви, не кремасти, тогаш додадете од водата во која се вареа шпагетите.