Извртена полукружна пита
Состојки
- За тесто
- 800 гр брашно
- 1/2 квасец
- 450 мл млака вода
- 2 лажички шеќер
- 2 лажички сол
- За премачкување на тестото
- 100 гр путер, палмово масло или маст
- За фил
- 300 гр урда или сирење
- 1 јајце
- За премачкување
- 1 јајце
Подготовка
Интересна подготовка, а пецивото е баш вкусно.
Подготовка
1. Се замесува тесто од наведените состојки, да биде средно меко. Се дели на два дела. Секој дел тенко се расукува и се премачкува со путер кој ни е оставен на собна температура.
2. Се витка како ролат, па како бројот осум, па едниот дел од кругот се превртува врз другиот и вака спремно оди во фрижидер на ½ час. За филот ги мешаме сирењето или урдата со јајцето.
3. Ги вадиме тестата од фрижидер и го расукуваме едното тесто. Го премачкуваме со филот, па одозгора го преклопуваме со другото тесто кое исто сме го расукале.
4. Со лажица ја попрскуваме кората со масло или стопен путер. Сечеме ленти кои ги виткаме како бургии и ги редиме на намрсена тава во полукруг.
5. Откако ќе ги наредиме ги премачкуваме со разматено јајце и ги посипуваме со сусам.
6. Ја вклучуваме рерната на 230 степени. Додека рерната да се загрее тестото ќе потстаса. Печеме до заруменување.
Забелешка
Расуканите теста пред да ги филуваме впрочем ги расукуваме во големина на тавчето во кое ќе ги печеме. Моето ми е најголемото што ми го собира во рерна.
Може и кружно да ги редите лентите. Јас сега имав ваква замисла, а интересно е и во круг.
Мајка ми моја, ја прави и со коприви и сирење на пролет, ептен е декоративна и вкусна така. Јас не стасав да ја направам така, па ви ја презентирам еве со стандарден фил.
Можете да ја влучите рерната и додека ги сечете лентите. Сега е потопло времето па и побрзо стасува тестото.
Инаку ја правам и со палмово масло, како што е случајот баш со оваа пита, а тоа се гледа и од дополнителните фотографии. Се разбира дека свинската маст ќе го направи помеко тестото, ама и другите видови масло се достојна замена.