Ладен компот од сливи
Состојки
- 400 гр. сливи петровки (без коски)
- 1.5 литри вода
- 3 лажици кафеав шеќер
- малку свежо нане, коцки мраз
Подготовка
За летните горештини, еве еден природен ладен напиток од сливи петровки кои со својата убава арома и киселкаст вкус, го прават да е многу освежителен.
- Сливите се мијат убаво, се чистат коските, се ставаат во тенџере да се варат околу 20-тина минути, односно дури да омекнат.
- Компотот се остава да се излади, се цеди низ цедалка и се засладува со шеќер.
- Се става малку свежо нане, коцки мраз и се ужива.
Количината на состојките може да се менува по желба и вкус.