Макарони со мирис на кари и лосос
Состојки
- 250 гр макарони
- 150 гр чаден лосос
- 100 гр замрзнат грашак
- 1/2 главица кромид
- 5-6 листови босилек
- 1 лажица кари
- по потреба масло
- по вкус сол и бибер
Подготовка
Во тенџере ставите вода да зоврие. Откако ќе зоврие додајте го кари зачинот и макароните и оставете ги да се варат за време означено на паковката. Потоа исцедете ги.
Во меѓувреме грашокот малку сварете го да омекне (5 мин) и оставете го на страна. Но доколку користите од конзерва само исцедете го од водата.
Во тава со масло пропржете го кромидот исечкан на тенки, долгнавести парчиња да стане стаклест. Додајте ги сварените макарони, грашокот,лососот искинат на парчиња, босилекот и измешајте ги. Додајте сол и бибер по вкус.
Послужете ги веднаш, по желба посипани со пармезан.
Ручеков беше на ќерка ми, рецептот си го нашла на интернет и е се видело интересно варењето на макароните во водата со кари и жолтата боја па реши да ни ги зготви -)))