Испечати

Кифли со урда и лукче

Кифли со урда и лукче

Состојки

  • тесто
  • 600гр. брашно
  • 250мл. јогурт
  • 100мл. млеко
  • 20гр. свеж квасец(7гр.сув)
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 125мл. масло
  • 1 јајце
  • фил
  • 300гр. урда
  • 1-2 чешниња лук
  • сол,магданос и малку кцана сол
  • јајце и две лажички масло за премачкување,сусам или крупна сол

Подготовка

Рецептов го најдов на интернет подготвен од една дама виртуоз за подготовка на пецива,еве како ги подготвив јас…

Во сад за месење просејте го брашното на средина додадете го квасецот, шеќерот и малку сипете му млако млеко за да се растопи и активира. На средина додадете го маслото, јајцето, солта и замесете со јогуртот средно меко тесто.
Премачкајте го тестото со масло и вратете го во садот да стаса покриено со стреч фолија.
Во меѓувреме додека ни стасува тестото подгответе го филот. Урдата измешајте ја со магданосот и лукчето предходно истолчено,додадете сол доколку урдата е несолена. Во вториот фил измешајте урдата со кцаната црвена сол и малку лукче.
Тестото го делиме на две топки. Oд секоја топка расукуваме круг кој го сечеме на осум дела. Краевите на секоја кифличка ја засекуваме, таму кај што засекуваме нанесуваме од филот и ја формираме кифлата, но мотаме од внатре накај надвор (обратно од стандарна постапка за формирање на кифли). Кифлите ги стааваме во подмачкано тавче и секоја кифла премачкајте ја со жолчка и малку масло посолете со сусам или крупна сол. Печете на 200степени половина час или додека не добијат златна боја.
Добар апетит!!!