Чоко-нутела сладолед со орео колачиња
Состојки
- 200 гр. црна чоколада
- 200 мл. слатка павлака
- 2 полни лажици нутела
- 2 полни лажици маскарпоне
- 4 жолчки
- 125 гр. шеќер
- 100 мл. павлака за готвење
- 250 мл. млеко
- 6-8 орео колачиња
Подготовка
Чоколадна убавина,еден од омилените наши вкусови ова лето.
1. Чоколадата се топи со 200 мл.павлака и се остава да се олади, но сеуште да биде течна.
2. Маскарпонето се мати со нутелата и постепено се додава смесата со чоколада. Се мати само колку да се поврзе.
3. Жолчките се матат со шеќерот, се додава млекото и павлаката и се меша на тивок оган додека да се згусне. Се остава да се олади, па му се додава чоколадната смеса.
4. Целосно оладен, сладоледот се става во фрижидер да се замрзне.
5. После 5-6ч се вади од фрижидер се мати со блендер, му се додаваат орео колаченцата искршени на парчиња и се остава сладоледот целосно да се замрзне.
6. Пред да го послужите, за поубав ефект, можете да извадите топки од сладоледот и да ги извалкате во трошки од орео колачиња(дополнителна фотографија)
7. На здравје