Најчоколаден сникерс сладолед
Состојки
- 500 мл слатка павлака
- 150 гр чоколадо за готвење
- 200 гр бело чоколадо
- 100 гр печени несолени кикирики
- 100 гр таан алва
- ганаш
- 125 мл слатка павлака
- 100 гр чоколадо за готвење
- 2 лажици чоколаден еурокрем
Подготовка
Чоколадна револуција збогатена со кикирики и таан алва, преобразена во сладолед со незаменлив вкус... Лесен за подготовка, а уште полесен за јадење !
1. Во длабок сад ставете ја слатката павлака и миксирајте. Откако ќе се згусне, во друг сад одделете една третина од слатката павлака и додадете 100 гр стопено изладено чоколадо и миксирајте да се изедначи. Смесата ставете ја во погоден калап и ставете ја во замрзнувач десеттина минути.
2. Во преостанатата слатка павлака додадете 200 гр стопено изладено бело чоколадо и миксирајте да се изедначи. Поделете ја слатката павлака и во едниот дел ставете изронета таан алва и 50 гр рендано чоколадо и промешајте. Во другиот дел ставете сецкани кикирики и промешајте.
3. Извадете го калапот од замрзнувач, ставете го вториот дел од слатката павлака со таан алва и рендано чоколадо, измазнете и повторно вратете го во замрзнувач уште десеттина минути.
Потоа ставете го и третиот дел од слатката павлака со кикирики, измазнете и нека стои повторно во замрзнувач додека ја припремате смесата за ганаш.
4. За подготовка на ганаш, ставете ја слатката павлака на умерена температура до момент на вриење. Во друг сад ставете го чоколадото искршено на парчиња и чоколадниот еурокрем, додадете ја слатката павлака и постојано мешајте да се стопи чоколадото. Откако ќе излади, само нанесете ја врз сладоледот, по желба наросете сецкани кикирики. Оставете во замрзнувач уште 30 минути.
Послужете се и уживајте во вкусот !