Сникерс сладолед
Состојки
- 250 гр маскарпоне сирење
- 100 гр путер од кикирики
- 100 гр кондензирано млеко
- 3 сникерс чоколадца (150 гр)
- 300 мл слатка павлака
Подготовка
Сникерс во голема количина, претворен во летно десертно уживање, наречено сладолед. Експериментот успешен, а задоволството врвно. За оној кој е љубител на ваквиот вкус, од срце го препорачувам-едноставо, мора да го проба.
Изматете ја слатката павлака. Посебно изматете го маскарпоне сирењето со кикирики путерот и кондензираното млеко. Додадете ги ситно сецкани сникерс чоколадцата и повторно изматете ги да се соединат. На крај додадете ја изматената слатка павлака и финално убаво се изматете. Ставете во плиток калап и оставете го сладоледот во фрижидер преку ноќ да се здрви.
Следниот ден, едноставно уживајте во сладолед полн со сникерс вкус кој со сервирањето можи да го послужите со течно чоколадо или како ви е желба.