Испечати

Крем карамел сладолед со кикирики

Крем карамел сладолед со кикирики

Состојки

  • 100 гр млечни карамели
  • 180 мл слатка павлака
  • 4 јајца
  • 50 гр шеќер
  • прстофат сол
  • 50 гр печени несолени кикирики
  • за карамел преливот
  • 180 гр шеќер
  • 200 мл слатка павлака
  • 25 гр путер
  • 50 мл течен чоколаден прелив

Подготовка

Супер освежување е овој сладолед за летните денови, со богат вкус на карамел и кикирики. Подготовката е следна

Карамелите ставете ги во тава и растопете ги на умерена температура. Додајте ја и слатката павлака и мешајте додека да добиете еднолична смеса. Додадете и прстофат сол и оставете смесата да се излади.
Во меѓувреме изматете ги пенесто јајцата со шеќерот. Ставете го садот врз друг сад со вода и варете ги јајцата околу 10-тина минути додека не го удвојат волуменот (со постојано мешање). Во сварените јајца додадете го изладениот крем карамел и крупно исецканите кикирики. Убаво промешајте.
Истурете го сладоледот во соодветен сад и оставете го во замрзнувач 20-тина мин. Потоа извадете го и промешајте го ( мешањето е битно за кикириките подеднакво да се распределат насекаде низ сладоледот и да не паднат и останат само на дното). Вратете го сладоледот повторно во замрзнувач. Повторувајте ја истата постапка уште 2 пати.

За карамел преливот- Растопете на тивок оган 180 гр шеќер. Оставете да се карамелизира, но не премногу да потемни зошто карамелот ќе има горчлив вкус. Во меѓувреме загрејте ја слатката павлака на 80 степени (тоа е отприлика кога ќе се фати коричка на површината, а не врие) и додајте ја во карамелизираниот шеќер. Почекајте крем преливот повторно да проврие и да се изедначи. Додајте го и путерот и чоколадниот прелив. Сервирајте го изладениот сладолед во соодветни чинии и прелијте со крем карамелот. Декорирајте со крупно сецкани кикирики и уживајте во топлото време. На здравје