Сникерс сладолед со солени кикирики
Состојки
- 4 жолчки
- 125 гр. шеќер
- 250 мл. млеко
- 250 мл. павлака за готвење
- 1 лажичка екстракт од ванила
- Карамел со солени кикирики
- 150 гр. шеќер
- 200 мл. павлака за готвење
- 1 лажица путер
- 150 гр. солени кикирики
Подготовка
Сникерс сладолед во малку поинаква варијаната, со солени кикирики. Кој е љубител на вакви вкусови сигурно ќе му се допадне.
1. Шеќерот се топи за да се карамелизира. Се додава павлаката и се вари за да се стопи карамелот и да се добие кремаста смеса. Се додава путерот и се меша убаво. Од карамелот се остава малку за посипување врз сладоледот, а во остатокот се додаваат кикириките. Се остава да се олади.
2. Жолчките се матат со шеќерот, им се додаваат топлото млеко и павлака и се вари на тивок оган додека да се подзгусне. Се додава ванила, се остава да се олади, а потоа се става во фрижидер да се замрзне.
3. Кога ќе биде скоро замрзнат (после околу 4-5ч зависно од калапот) се вади од фрижидер и се мати со блендер за да нема кристали и да биде покремаст. Сега внимателно се додаваат кикириките со карамелот. Сладоледот се промешува со вилушка, не многу, бидејќи карамелот не треба целосно да се спои со сладоледот.
4. Се остава целосно да се олади.
5. Топките сладолед, послужете ги посипани со карамелот, стопено чоколадо (или ганаш) и сецкани солени кикирики.
6. На здравје