Испечати

Слатко од тиквички

Слатко од тиквички

Состојки

  • 1 кгр млади тиквички
  • 1 кгр шеќер
  • 1 лимон - сок по вкус
  • 1 кесе(10гр)сода бикарбона
  • 150мл вода

Подготовка

Прво тиквичките се мијаат, па се лупат.
Се сечат на коцки
Потоа во касерола се налива ладна вода, се става малку од содата и се ставаат коцките тиквина.
Така нека одстојат 20 минути.
Потоа се процедуваат, водата се фрла и тиквињата се мијат со ладна вода.
Се става нова чиста вода и се ставаат на оган само да зовријаат еден клуч. Се цедат.
Оваа постапка се повторува 5 пати.
На крај се оставаат во ѓергев малку да се исцедат.
За тоа време во касерола се ставаат шеќерот, водата да почнат да вријат. Се додава сокот од лимон и тиквината.
Касеролата се протресува и се вари до саканата густина. По потреба се одстранува пената.
Готовото слатко се покрива со водена платнена салфета и се остава да се излади.
Се збира во чисти тегли.

Совет- сечете поголеми коцки од моите, мислам повеќе ќе дојди до израз слаткото.