Испечати

Тесто за пица

Тесто за пица

Состојки

  • 350 гр меко брашно
  • 230 мл топла вода
  • 1 лажиче мед
  • 1 лажиче сол
  • 1 пакетче сув квасец
  • 1 лажица маслиново масло

Подготовка

Во длабок сад ставете го медот. Во истиот сад ставете ги топлата вода и пакетчето сув квасец. Измешајте малку, покријте го со крпа и оставете да се запени околу 10 минути. Кога квасецот ќе нарасне, ставете 1 лажица маслиново масло, прстофат сол и прстофат бибер и измешајте. Прво, ставете 150 брашно и измешајте. Потоа, додадете уште 100 грама брашно и повторно измешајте. На крај, додадете го останатото брашно и измешајте. Формирајте тесто, префрлете го на набрашнета работна површина и месете го тестото 5 минути. Месете и додавајте брашно, по потреба, се додека тестото престане да се лепи. Намачкајте го тестото со маслиново масло, ставете го во длабок сад, покријте го со крпа и оставете го на топло да нарасне дупло, околу 1 час.Размесете го малку со раце и поделете го на четири еднакви делови. Земете сукало и расукајте ги парчињата тесто во тркалезен облик. Може и малку да го растегнете тестото со раце, ама многу лесно.Филувајте ги пиците, но не претерувајте со филот, затоа што една од тајните за вкусна пица е во разумно нанесен фил. Преклопените пици намачкајте ги со една изматена белка и попрскајте со малку сусам. Наредете ги на хартија за печење и печете ги во рерна загреана на 250 целзиусови степени. Кога ќе ги ставите пиците, намалете ја температурата на 200 степени и печете околу 20 минути