Испечати

Поховани полнети пиперки

Поховани полнети пиперки

Состојки

  • 7-8 зелени печени пиперки
  • фил за полнење
  • 200гр димена кременадла
  • 2 јајца
  • 200гр урда или сирење
  • сол, мелен ким, зачин, бибер, малку буковец
  • за поховање
  • 100мл кисела вода
  • 2 јајца
  • 1 лажица палента
  • 1-2 лажици брашно
  • 1/4 лажиче пециво
  • зачин, бибер,сусам

Подготовка

Убаво, вкусно предјадење.

Прво пиперките се печат, се ставаат во чиста најлонска кеса да одстојат 20 минути, па се лупат и им се отстранува дршката и семето.
Парчето димена свинска кременадла се сецка на ситни коцки.
Се соединува со урдата, јајцата, зачините.
Убаво се промешува.
Во секоја пиперка се става по 2-3 лажички од припремениот фил.
Се редат на чинија.
Сега се спрема смесата за поховање.
Се матат јајцата, се додава киселата вода, постепено палента, брашно,  зачините.
Убаво сето се промешува. По потреба се додава уште 1 лажица брашно.
Секоја полнета пиперка се валка во оваа смеса и се пржи од двете страни на загреано масло.
Се редат на хартиени салфети, па се сервираат.