Шпагети со маринара и зелено песто
Состојки
- 500гр шпагети
- за зелено песто
- 1 чаша рукола
- пола чаша босилек
- пола главица лук
- пола лимон и малку масло
- за маринара
- 5 поголеми зрели домати
- 1 главица лук
- 2 пиперки
Подготовка
Лесен брз оброк за во летните денови.
Се варат шпагетите. Руколата, босилекот, лукот, солта, малку масло и лимонот се ставаат во блендер. Доматите се лупат се сецкаат и се ставаат на оган, се пржат додека не испари цела вода. Потоа се додаваат сецканите пиперки, масло, лукот и се пржи убаво. На крај се додаваат зачините и оцетот. Шпагетите се мешаат со зеленото песто, а над нив се додава маринарата.