Испечати

Сникерс сладолед

Сникерс сладолед

Состојки

  • 1 и пол шолја шеќер
  • пола шолја вода
  • 1 шолја слатка павлака
  • 1 ванила
  • 2 лажици путер
  • 2 шолји слатка павлака
  • 1 шолја млеко(3,2% масленост)
  • 200гр кикирики
  • 200 гр млечно чоколадо

Подготовка

За љубителите на сникерс сладолед овој е идеален рецепт за лесно и брзо истиот да го спремите и дома. Се стават на оган водата со шеќерот да зовријат. Откако ќе испари водата и ќе се згустне шеќерот се остава да се вари додека не добие убава карамел боја. На сето ова му се додава 1 шолја топла слатка павлака .Се меша додека не се стопи карамелот. Се трга на страна, се додава 2 лажици путер, малку сол и 1 ванила.
Карамелот се дели на 2 дела и се остава да се излади на собна температура. Откако ќе се излади во пластичен сад се матат заедно млекото, слатката павлака и половина од карамелот. Карамел сладоледот се става во правоаголен калап и во замрзнувач да се замрзне. Откако ќе се замрзне по неколку саати над него се ставаат кикириките, па преостанатиот карамел и одозгора стопено чоколадо со малку масло. Повторно се враќа во замрзнувач.