Испечати

Хељдини палачинки

Хељдини  палачинки

Состојки

  • 3 јајца
  • 3 лажици масло( сусамово, сончогледово)
  • 120мл кисела вода
  • 400мл млеко
  • 120гр хељдино брашно
  • 100гр пченично брашно
  • прстофат сол

Подготовка

Ова се моите омилени палачинки.
Можете да ги јадете во солена или блага варијанта по ваш вкус.
Прво се матат белките со миксер во пена.
Потоа се додаваат една по една жолчка, прстофат сол, маслото, млекото, киселата вода и на крај брашното.Убаво се изедначува смесата.
Во зависност од големината на јајцата ќе зависи и количината на брашното
( +,- 20 гр).
Во загреано делимано тавче се пржат палачинки на вообичаен начин од двете страни.Сервирајте и уживајте.
Јас денес ги јадев со чоколаден крем и слатко од вишни.