Испечати

Летен пинџур од рерна

Летен пинџур од рерна

Состојки

  • 1 модар патлиџан
  • 3 поголеми домати
  • 3-4 пиперки
  • 1 глава лук
  • на вкус сол
  • од око масло
  • по ваш избор магданос

Подготовка

Во летниот период најчесто овака спремам пинџур.

- Измијте го зеленчукот, насечете, додадете го лукот, солта, зејтинот. Додадете и сецкан магданос.
- Ствете во рерна да се пече до нивно омекнување, но сепак испечени притоа недозволувајки да испари сафтот кој го пуштаат.
- Извадете и со вилушка или толчник изгмечете.
Толку... тоа е тоа, а имате прекрасен пинџур како додаток на главно јадење, прилог на печено месо - скара, па не малку пати и како засебно јадење се наоѓа на масата.
Совет
Јас со вилушка само го малку згмечам и бркам, лушпите лесно излегуваат и одстранете ги, но тоа се однесува само за лушпите од црвените домати, на модриот патлиџан ги оставам затоа што така го сакаме, а на вас ако ви смета, лесно ќе ги одстраните и нив.