Испечати

Сладолед со слатко и свежи боровинки

Сладолед со слатко и свежи боровинки

Состојки

  • 4 јајца
  • 7 лажици шеќер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 2 пакетчиња шлаг
  • 200 мл млеко
  • 200 мл слатка павлака
  • 100 гр кисела павлака
  • 150 гр слатко од боровинки
  • 100 гр свежи или смрзнати боровинки

Подготовка

Сладолед може да се направи со вкус на било кој мармалад, џем или слатко. Бидејќи боровинките ни се едно од омилените зрнести овошја изборот постојано паѓа на сладолед со боровинки, кој има прекрасен вкус, боја и текстура.
Уживајте и вие во прекрасниот вкус !

Подготовка
1. Со миксер ги матиме јајцата со шеќерите до згуснување и светло жолта боја.
2. Шлагот го раствораме во ладното млеко и го матиме со миксер до згуснување.
3. Киселата павлака ја мешаме со слаткото од боровинки.
4. Сите три смеси ги соединуваме.
5. Слатката павлака ја матиме и ја додаваме кон претходната смеса. Ги додаваме и свежите боровинки и убаво лесно промешуваме за да ја добиеме саканата нијанса на боја која ќе ја има сладоледот.

Забелешка
Доколку немате слатко од боровинки, а имате свежи или замрзнати, можете да ги соедините со шеќер по вкус, малку ставете ги на оган, да се заблажат и пуштат боја , изладете ги и ставете ги во сладоледот.
Рецепт за слатко од боровинки имате и овде