Испечати

медењак торта

медењак торта

Состојки

  • 4 јајца
  • 9 лажици шеќер
  • 3 лажици брашно
  • 3 лажици мелени ореви
  • 1 пециво
  • 1 лажица какао
  • Фил
  • 1л млеко
  • 200гр шеќер
  • 3 кесички пудинг од чоколада
  • 250гр маргарин
  • 200гр шеќер во прав
  • 200гр млечна чоколада
  • Медењаци
  • 400гр медењаци
  • 250гр вода
  • 150гр шеќер
  • 1 лажица екстракт од рум

Подготовка

Од дадените состојки се прават три кори ако тортата е со шлаг, или 4 ако е декорацијата со локум.
Јајцата се матат со шеќерот додека се запенат, а потоа се додаваат брашното, оревите, какаото и пецивото. Смесата се пече на хартија во помало плехче. Кај мене е бр 32.
Фил
Во зовриеното млеко се додава шеќерот и разматените пудинзи.Се вари густ крем, се трга од шпорет и се кршат двете чоколади. Се меша додека се растопи чоколадата и се остава да се олади.

Кон оладениот крем се додава изматениот маргарин со шеќерот и се мати додека се добие мазен крем.

Медењаците се потопуваат во врелиот шербет со рум и се редат врз тортата.
Се става првата кора, се попрскува со 2-3 лажици од шербетот за медењаците, па се мачка со фил. Се реди 2 кора и се мачка со фил, а над филот се редат медењаците. Одкако ќе се потопат во врелиот шербет со решетка или вилушка се цедат две-три секунди и се ставаат врз филот. Врз нив се става уште еден ред фил, па се нанесува третата кора.

Се мачка со фил и се декорира по желба.
Тортата ја правев за роденден на Ники и нејзина желба беше декорацијата да биде ваква па затоа ставивме 4 кори.Кога се работи торта со локум последниот слој има сосем малку фил колку да се залепи локумот затоа и написав три кори доколку е со шлаг а 4 со локум.