Испечати

Ролнички со шунка и крем сир

Ролнички со шунка и крем сир

Состојки

  • 600 гр брашно
  • 300 мл топло млеко
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица сол
  • 1 пакетче сув квасец
  • 1 јајца, лесно разматено
  • 100 гр растопен и оладен путер
  • 300 гр тенки кругови шунка
  • 200 гр крем сир
  • 1 коцка путер, за премачкување

Подготовка

Во топлото млеко ставете ги шеќерот и квасецот. Промешајте и оставете да нарасне 10 минути. Во длабок сад ставете половина од брашното. Посолете, направете дупка во средината и ставете ги јајцето, растопениот и оладен путер и топлото млеко со квасецот. Мешајте прво со лажица и постепено додавајте го преостанатото брашно. Многу е важно да не го ставате цело брашно одеднаш затоа што тестото така може да ви излезе тврдо. Треба да добиете меко тесто. Штом видите дека тестото е меко и не се лепи, покријте го со крпа и оставете го на топло да нараснува. Нараснатото тесто поделете го на 4 еднакви делови. Земете едно парче тесто и на набрашнета површина со сукало развлечете го во правоаголен облик, со дебелина од 0,5 см. Намачкајте го тестото со путер, врз него ставете го крем сирот кој ќе го размачкате со нож и наредете половина од круговите шунка. Завиткајте го наполнетото тесто во ролна и со остар нож сечете парчиња со дебелина од околу 5 см. Ова направете го со трите преостанати парчиња тесто. Готовите ролнички редете ги во тавче обложено со хартија за печење. Покријте ги со крпа и оставете ги да се одморат 20 минути. За тоа време рерната загрејте ја на 250 целзиусови степени. По 20 минути, изматете една белка и со неа премачкајте ги ролничките. Попрскајте ги со сусам и ставете ги да се печат во загреаната рерна. Кога ќе ги ставите да се печат, намалете ја рерната на 200 целзиусови степени. Печете околу 30 минути, додека да се зацрвенат. Кога ќе бидат печени, оставете да се оладат. На крај, сервирајте и уживајте.