Испечати

Чоколадна фреш торта

Чоколадна фреш торта

Состојки

  • за кора
  • 6 јајца
  • 180 гр шеќер
  • 250 гр брашно
  • 3 лажици какао
  • 12 лажици млеко
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 1 пакетче прашак за пециво
  • 125 гр маргарин
  • рендана кора од портокал
  • потребно е уште три портокали
  • за фил
  • 5 јајца
  • 350 гр шеќер
  • 300 мл слатка павлака
  • 200 гр чоколадо за готвење
  • 3 лажици рум
  • 150 гр маргарин
  • за декорација
  • 200 мл слатка павлака

Подготовка

За кора
1. Јајцата и шеќерот пенесто матете ги, па додадете го млекото, ренданата кора од портокал, ванилиниот шеќер и омекнатиот маргарин.

2. Брашното промешајте го со прашакот за пециво и какаото, па додате го во садот со јајцата и промешајте. Смесата ставете ја во тава број 28.

3. Печете на 180 степени околу 30 минути. Оставете да се излади и поделете ја кората на три дела. За секоја кора, потребно е сок од еден портокал.

За фил
1. Јајцата со 200 гр шеќер пенесто матете ги и варете на тивко десетина минути со постојано мешање, додека смесата се згусне.

2. Посебно матете го маргаринот со 150 гр шеќер и румот.

3. Слатката павлака изматете ја и додадете го претходно растопеното чоколадо и промешајте. Одвоете една третина од слатката павлака за филување на тортата.

4. Филот од јајца соединете го со маргаринот, па со слатката павлака. Матете додека се добие убава кремаста смеса.

5. На послужавник ставете ја првата кора и попрскајте со сок од портокал, па премачкајте половина од подготвениот фил. Ставете ја втората кора, сок од портокал, па премачкајте го преостанатиот фил. Ставете ја третата кора, сок од портокал и премачкајте со одвоената третина од слатката павлака.

Декорирајте со слатка павлака или по желба.