Испечати

Кох

Кох

Состојки

  • 10 јајца
  • 10 лажици шеќер
  • 6 лажици гриз
  • 4 лажици меко брашно тип 400
  • За полевање
  • 1800 мл. млеко
  • 10 лажици шеќер
  • 1 ванила

Подготовка

Убаво изладен кохот е одлична посластица за топлите денови
Подготовка
Јајцата треба да е се директно извадени од фрижидер, извадете ги и нека постојат малку на собна температура.
- Одвојте ги жолчките од белките. Со миксер сматете ги белките во снег додавајки од шеќерот. Додадете ги жолчките и продолжете да матите додека се спојат снегот од белките и жолчките. Исклучете го миксерот.
- Додадете во смесата измешаните гриз и брашно. Со шпатула измешајте да се соединат, истурете во плехче бр.30 и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени. Нека се пече на оваа температура околу 10 мин, потоа намалете на 175 степени. Се пече до неговата готовност, а тоа е некаде уште 15-20 мин. мин, зависно од рерната, но секако дека ќе препознаете кога е готово.
- Додека се пече вие добро загрејте го млекото со шеќерот и ванилата до само зовривање и со вака топло млеко прелејте го испечениот кох кој исто така е топол. Значи врело со врело.
Нека олади, ставете во фрижидер да се навистина добро олади... потоа следи уживањето.
Напомена
- Гризот би требало да биде поситен - тогаш кохот е поубав.
- Ова на сликите е од половина состојки, но печено во несоодветна модла и ми излезе малку пониско која висина не го менува вкусот.