Испечати

Ароматни брзи лепињи

Ароматни брзи лепињи

Состојки

  • 500 гр. брашно
  • 300 мл. вода
  • 1 пакетче пециво
  • 5 чешниња лук
  • 3 лажици масло

Подготовка

- Лукчето излупете и ситно исецкајте
- Замесете тесто од сите наведени состојки кое ќе е меко, но нема да се лепи за рацете. Оставете го врз набрашнета површина нека одмори околу 30 мин.
- Поделете го на толкава големина колку што е дното на тавата, расукајте ги.
- Земте тавка со нелепливо дно, премачкајте ја лесно со зејтин, нека се загрее - печете ги од двете страни.
Толку, брзо и лесно!