Испечати

Џем од малини

Џем од малини

Состојки

  • 1 л. чист сок од малини
  • 350 гр. шеќер

Подготовка

Постапка
- Измијте ги малините под млаз вода, оставете да се исцедат
- Испасирајте ги во преса, а притоа и ќе се цеди сокот
- Ставете на шпорет заедно со шеќерот, измешајте добро да се раствори побргу шеќерот, нека проврие и намалете температурата. Нека се вари на тивко.
- Мешајте и одпенувајте го сокот.
- Џемот е сварен кога ќе почне да капе капка по капка од лажицата или ако ставите на тацна тешко ќе се движи.
- Тргнете и веднаш истурете во теглата, не ги затварајте, оставете така додека се оладат и формира џемот ципа одозгора. Да не ве зачуди што ќе се појави влдабнатина, ништо страшно, така треба да биде.
Напомена
Од 3 кгр. малини се добива околу 2 л. сок. ќе добиете околу 5 или 6 теглички од 0,33 мл.
Ако го оставите малку поретко, тогаш добивата пре-прекрасен прелив за колачи и сладоледи.
Бидејки малку потешко оде додека се пресуваат, слободно помогнете си додавајки вода но таа да биде во многу мали количини... на 1 л. сок околу 10 мл. вода.