Пита гужвара со сукани кори
Состојки
- 600гр, брашно
- 300мл. млака вода
- 60мл. масло
- 10гр. сув квасец
- 1 лажица шеќер
- 1 лажичка сол
- фил
- 3 јајца поголеми
- 4 лажици урда
- 1/2 китка магданос
- 1 кромид
- 1 лажичка црвена сол со пуцки (кцана, толчена) и чубрика или зачин по желба
- премачкување
- 1 јајце и малку масло
- сусам
Подготовка
Мој пуст мерак ми се тестенините,питите,пецивата затоа со посебна љубов ги подготвувам.Домашните месени работи се трудам да ми се застапени барем еднаш до двапати во неделата.За оваа сукана пита не треба да сте експерт во тенко сукање подеднакво е вкусна и доколку корите ви се подебели.Подготовката иде вака...
1.Во сад за месење просејте го брашното направете дупка на средина и во неа ставете го сувиот квасец,шеќерот и зејтинот.На краевите ставете ја солта и замесете со млаката вода средно меко тесто,оставете да стаса половина час.
2.Во меѓувреме во друг сад скршете ги јајцата додадете им урда сечкан кромид и магданос,зачинете со солта од пуканки (кцана, толчена) и чубрика соединете мешајќи со вилушка.
3.Одкако тестото ќе стаса премесете го и формирајте четири идентични топки секоја топка со помош на сукало расукајте ја во што поголема кора.Кората набрчкајте ја и обложете ја во тава со големина бр.34,првата кора нека виси над страните на тавчето од нејзе направете завиток попрскајте ја со масло и нанесете фил.Целата постапка ја повторуваме со преостанатите кори кои ги брчкаме единствено последната кора ја засекуваме од средина и вртиме како да цедиме алишта.
Питата ја премечкуваме со матено јајце и малку зејтин кои и ја даваат преубава златна боја.Печете дваесетина минути на 200степени и само малку при крајот на 250степени,исклучете ја рерната и оставете десет минути без да ја отварате рерната.Доколку сакате горната кора да крцка не ја покривајте кората со ништо така оставете да се излади но доколку сакате мека кора како памук тогаш попрскајте пола филџан вода или премачкајте со силиконска четка и покрите ја.
Забелешка
Оваа пита може да се подготвува со различни филови со праз,кисела или пресна зелка,спанаќ,месо...
Добар апетит!!!