Испечати

Вкусно лепче за сендвич

Вкусно лепче за сендвич

Состојки

  • 2,5 дл млако млеко
  • 3 лажици стопен путер или маргарин
  • 360 до 400 гр брашно
  • 15 гр свеж квасец
  • 1 лажице сол
  • 1 лажиче шеќер

Подготовка

Вкусно лепче супер за пикник.

1. Путерот се топи и се остава да олади
2. Квасецот се меша со млакото млеко да де стопи и се додава путерот.
3. Се додава се друго и се меси убаво тесто, поарно да се лепи малце тестото инаку ќе дојдат суви лепчињата.
4. Се остава да стаса 45 мин покриено
5. Се дели тестото на 6 делови зависно колку ви е голема тавата. Ако е тавата помала тогаш може да се дели на 8 делови.
6. Секој дел се суци 20 до 25 цм тркалезни лепчиња и се печат на жешка тава. Тавата не се намрсува. Се печат од прилика 1 мин на секоја страна. Се ставаат во чинија со крпа на цинијата и плус се покриват со крпа за да бидат меки.
Слободно можат да се замрзнат.