Мрзлива пица
Состојки
- 150 гр. сланина димена или шунка
- 4 стракчиња млад кромид
- 600 мл. млеко
- 250 гр. брашно
- 4 јајца
- 1 лажица зејтин
- на вкус сол
Подготовка
Мрзлива е навистина, а за мене ова нешто е ниту пица - ниту киш... ама вкусно, што е битно и лесно.
- Сланината или шунката исечете на лентички, кромидот на кругови. Ставете да се пржи прво сланината, додадете го кромидот кој се пржи колку да омекне.
- Во сад измешајте јајцата, млекото, брашното, додадете според ваш вкус солта и на крај 1 лажица зејтин. Треба да добиете хомогена смеса без грутчиња
- Се префрла во тавчето во кој ќе ја печете пицата. Прво пржените сланина и кромид, врз неа излијте ја добиената смеса, ставете во претходно загреана рерна да се пече до нејзината готовност - некаде околу 20 мин.
И тоа е... толку.
Напомена
Ова што го гледате на сликата е половина од состојките, печев во тавче бр.24, за цела доза сигурно ќе е потребно бр.30