Испечати

Едноставни колачиња (рецепт за апарат)

Едноставни колачиња (рецепт за апарат)

Состојки

  • 100 гр шеќер во прав
  • 3 јајца
  • 2 лажичиња мешавина од шеќер и цимет
  • 7 лажици шеќер
  • 150 мл јогурт
  • 1 паковка (10гр) пециво
  • 1 паковка (10гр) ванила
  • 18 лажици брашно
  • 1 парче рендано јаболко
  • 70 мл масло

Подготовка

Рецепта за едни едноставни колачиња. Се прават за 10 минути, се јадат за 5 минути.
Постапката е следна. Јајцата се кршат и се матат со шеќерот. Во рецептата пишуваше дека се матат со миксер, јас ги матев со вилушка. Се додава масло, јогурт, брашно, пециво, цимет, ванила. Ставете ја смесаата во шприц или кесичк дупната на ќошето. Во вжештениот апарат нанесете малку од смесата па ставете мало лажиче рендано јаболко во средина. Дополнете со смесата. Затворете апаратот и чекајте 5 минути. Вадете колачето, валкајте во шеќерот во прав и редете во чинија. Ете колку е мојот рецепт. Прекрасен и едноставен.На здравје

Забелешка

Ако немате апарат, ставете си ја смесата во корпици за Cup cakes