Испечати

Поховани пиперки со кикирики и сончоглед

Поховани пиперки со кикирики и сончоглед

Состојки

  • 10 пиперки
  • 2 јајца
  • по потреба брашно
  • 50 гр сецкани кикирики
  • 50 гр сецкан сончоглед
  • 5 парчиња топено сирење
  • по вкус сол и други зачини

Подготовка

Од обични печени пиперки, испаднаа супер вкусни поховани пиперки. Вкусот на потпржени кикирики и сончоглед во комбинација со пиперки е одличен, пробајте...

Пиперките испечете ги, излупете ги и отстранете ги дршките и семките. Посолете ги и оставете ги малку, додека ги припремите другите состојки.

Пиперките прво се посипуваат во брашно, па во јајце и на крај во секцкани кикирики и се пржат во тава со загреано масло. Половина пиперки ги посипувате во сецкани кикирики, а другата половина во сецкан сончоглед.

Откако ќе се изладат, една похована пиперка поделете ја на половина и на едниот дел ставете половина парче топено сирење и виткајте го во ролничка и ставете чепкалка. Постапката повторете ја со преостанатите поховани пиперки.

Декорирајте со домат и свеж магдонос.