Испечати

Пиперки со сирење и јајце

Пиперки со сирење и јајце

Состојки

  • 2 зелени пиперки
  • 50 гр. бело мешано сирење
  • 1 јајце
  • по малку мешан сув зачин, куркума, шарена сол
  • Како додаток и основа за пиперките
  • 1 тиквичка
  • 2 лажици брашно
  • 1/2 лажичка мешан сув зачин
  • 1 јајце
  • масло за пржење на пиперките и тиквичките, сол
  • за додаток -домат, магдонос, кришки свежа пиперка, морков

Подготовка

Ова спонтано смислено предјадење може да сервира и како топло и како ладно. Во комбинација со пржените тиквички, многу е сочно и вкусно.

1. Најпрвин тиквичките се мијат убаво, се сечат на кругови 4-5 мм, се посолуваат и се оставаат да стојат да излезе дел од водата.

2. Додека тиквичките отстојуваат, пиперките се мијат, се бришат од водата за да не прскаат многу, се сечат кругови со дебелина околу 2,5 см и им се чистат семките и жилите.

3. Јајцето се мати, му се додава сирењето (изрендано) и другите зачини, се меша со вилушка да се изедначи убаво.

4. Парчињата пиперки се ставаат легнати да почнат да се пржат и по неколку минути, со лајче внимателно им се тура од смесата со јајцето и сирењето во нивниот внатрешен дел, но да не прелее надвор од пиперката. Се пржат некоја минута, со лажица им се тура од маслото одозгора, и внимателно се превртуваат да се испржат и од другата страна.

5. Отстоените тиквички (јас не ги лупев), се валкаат во мешавината од брашно, сол и мешан сув зачин, потоа во матеното јајце и се пржат.
Нив ги искористив како основа на која ги ставив пржените кругови од пиперки со сирење и јајце, ги декорирав со коцкичка домат и магдонос.
Како додаток ова предјадење одговара со домат, павлака или ѕаѕики салата, маслинки и се што ќе е соодветно по ваш вкус.