Турска тава со јајца и пиперки
Состојки
- 4 јајца
- 2 поголеми главици кромид
- 2 поголеми зелени пиперки
- 3 средни домати
- 1 морков
- 2 чешлиња лук
- 5 лажици зејтин
- 400мл вода
- половина кафено лажиче сол
- едно кафено лажиче мешан зачин
- малку мелен црн бибер
Подготовка
1. Најпрво исецкајте го кромидот на ситни коцки, пиперките на лентички, доматите на коцки, морковот на ситни коцки и ситно исецкајте го лукчето.
2. Во тава на оган ставте го ситно сецканит кромид, додајте го зејтинот, солта, мешаниот зачин, биберот, 100 мл од тие 400 мл и и оставете да се динстава 10 мин.
3. Потоа додајте ги ситно исецканите домати, морковот, лукчето,100 мл од тие преостанати 300мл и оставете да се динста 10 мин.
4. Додајте ги пиперките и преостанатите 200мл вода и оставете на тивок оган да се динста 45 мин со постепено промешување.
5. На крај скршете ги јајцата и додајте ги на површината (слика 2).
6. Преклопете со капак кој одговара на тавата и оставете да се приготвува уште 10 мин поточно додека да бидат готови јајцата.
7. Тавата оставете малку да олади па сервирајте.Добар апетит
Совет-При сервирање може да користите кисела павлака одлично се вклопува со јадењето.