Мекици од два вида брашно
Состојки
- 200мл топло млеко
- 150мл млака вода
- 150гр јогурт
- 40гр свеж квасец
- 1 лажиче сол
- 1 лажиче шеќер
- 1 јајце
- 550гр бело брашно
- 170гр интегрално пченично брашно
- масло за пржење
- 2 лажици масло за намрсување на рацете
Подготовка
Кога ќе го замесите тестото ќе ви се чини дека е многу намеко и дека не е во ред.
Но одкога ќе скисни првиот пат, ставам одозгора едно мало лажиче масло, го размесувам и го оставам пак да кисни.
Потоа со намрсени раце земам по едно топче од тестото, го развлекувам и го пржам во загреано масло.
Толку брзо ги изедовме што не успеав да направам повеќе фотографии.
Во вангличка се ставаат млекото, водата, шеќерот и квасецот.
Се додава 1 лажица брашно, убаво се промешува и се остава 10 минути.
Потоа постепено се додаваат јогуртот, јајцето, солта, и се меша, може со вилушка или со маталки за тесто.
Нека постои 5 минути.
Потоа се додаваат двата вида на брашно и се меси со раце.
Се остава да кисни 30 минути, потоа се става едно лажиче масло одозгора, како што реков, се премесува уште еднаш и за 15 минути се пржат мекиците.
Се пржат од двете страни да заруменат.
Се редат на хартиени салфети и се сервираат со бело или биено сирење( во мојот случај) и чаша јогурт.